Титулата од Премиерлига за Џерард ќе остане само – сон!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Навивачите решија пред неколку дена да побараат од управата на Ливерпул да ја врати легендата на клубот, Стивен Џерард на одреден период, но такво нешто нема да се случи.

Ливерпул чекори сигурно кон трофејот во Премиерлигата, кој го немаат освоено веќе 30 години, па навивачите поради тоа сметаа дека Џерард треба да се врати во клубот за да го оствари својот сон.

„Не знам што да ви кажам на тоа. Навивачите бараат да се врати Џерард, но кажете ми вие на мене на кого треба да му го одземеме медалот ако сега му го дадеме на Стивен? Сите го сакаме него, но навивачите тоа што го бараат е невозможно. Може ли да замислите дека на некој фудбалер ќе му кажеме дека нема да освои медал, иако се борел цела сезона за такво нешто?“, порача извршниот претседател на клубот.