Тоа се вика посветеност: Јовиќ ја одбива Барселона за да остане во Ајнтрахт


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Јовиќ е фудбалерот кој се споменува со трансфер во еден од најголемите европски тимови, Барселона.

Неговите фантастични игри во дресот на Ајнтрахт Франкфурт со право го препорачаа фудбалерот на најголемите европски клубови, а најголем интерес за него покажа токму каталонскиот гигант.

Освен Барселона за Јовиќ се интересираше и Баерн Минхен, а постоеја шпекулации дека за него се распрашува и Реал Мадрид.

Дека има интерес потврди и неговиот татко кој посочи дека неговиот син е подготвен да ги одбие сите понуди доколку Ајнтрахт се пласира во лигата на шампионите.

„Лука има понуди, една од нив е и таа од Барселона, но тој не е заинтересиран. Лука сака да игра во Лигата на шампионите, но не е сигурен дали ќе игра стандардно во Барселона“ –истакна таткото на Јовиќ.