Тоа што му успеа на Ливерпул во мечот против Кристал Палас тешко ќе се повтори!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул славеше во денешниот меч во Лондон против Кристал Палас со убедливи 7-0. Головите ги постигнаа Минамино, Хендерсон, Мане и по двапати стрелаа Фирмино и Салах.

Шампионот се зацврсти на првата позиција во Премиерлигата, а интересно е тоа што асистентите на погодоците беа различни, односно имаше седум различни.

Асистенција за гол денес имаа Мане, Фирмино, Робертсон, Александер- Арнолд, Матип, Салах и Окслејд-Чембрлејн и тоа е нешто што тешко ќе биде повторно во билска иднина.

Како што изминува сезоната за Ливерпул „црвените“ како да почнуваат да ја прикажуваат шампионската форма која минатата сезона им ја донесе титулата.