Тод: Често го посетувам Шумахер


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Поранешниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, повеќе од 11 години живее далеку од јавноста и нема информации за неговата здравствена состојба.

Во декември 2013 година, Шумахер претрпе сериозни повреди на мозокот по несреќа на скијање во Франција. Од тој момент се повлече во својата домашна средина во Швајцарија, а пристап до него имаат само луѓето од неговото најблиско опкружување.

Меѓу тие луѓе е и Жан Тод, поранешен тимски шеф на Ферари, кој изјави дека често го посетува.

„Семејството на Михаел реши да не ја објавува неговата здравствена состојба и ја почитувам оваа нивна одлука. Но, јас редовно го посетувам него, како и неговите најблиски. Нашата врска не е само деловна – тие се важен дел од мојот живот“, рече Тод.