Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вили Вебер, човекот кој се грижеше за кариерата на Михаел Шумахер, кажа дека семејството на легендарниот возач не сакало да му открие информации за неговото здравје, по што реагираше поранешниот шеф во Ферари, Жан Тод.
Тод му е голем пријател на Шумахер, па во разговор со германски „РТЛ“ тој го опиша нивниот однос.
„Мене не ми недостига Михаел. Јас постојано го гледам. Заедно седиме и ги гледаме трките во Формула 1. Меѓутоа, ми недостигаат некои други работи кои ги правевме заедно“, открива Тод.
Поранешниот шеф на Ферари пред два месеци кажа дека го посетува Шумахер двапати месечно, но повеќе детали за здравјето на возачот во јавност не се откриваат.