Тој ја одбил животната шанса за трансфер во Реал Мадрид, сето тоа заради – нервоза!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Холандскиот дефанзивец Берт Контерман беше во можност да игра за големиот Реал Мадрид во 1999. година, тој едноставно се плашел од таквата ситуација.

Тој потпиша за Феенорд, за да отиде во Глазгов Ренџерс една година подоцна. Иако имаше понуда на маса за која многумина можат само да сонуваат, но на крајот тој ја отфрли можноста да го носи дресот на славниот Реал.

“Лео Беенхакер беше мојот тренер и тренер на Реал. Тој ми рече дека Реал Мадрид ме сака, но јас му реков дека тој веројатно се шегува и не можам да му верувам. Според мене, мојот следен трансфер беше во Германија или Велика Британија затоа што јас зборував германски и англиски. Шпанија беше малку застрашувачка и јас бев премногу нервозен поради тоа што би можел да играм за Реал и дека морам да учам шпански”, рече Контерман, додавајќи:

„Мислев дека во тој момент не бев подготвен за тој чекор во Реал Мадрид“, додаде тој.

На крајот, тој остана и гледаше од страна како Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите во сезоната 1999/2000. Малку подоцна, тој се каел за својата одлука.

„Можеби направив глупав потег, Реал беше навистина сериозен. Имав написи во весници, ги чував бидејќи не ми веруваа дека можам да се преселам во Реал Мадрид“, додаде тој.