Томпсон доби исклучување, па почна да вика: Имам четири прстени! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Феникс санс го декласира Голден Стејт вориорс со 134-105 во големото дерби од НБА-лигата, но имаше и непријатни сцени при што Клеј Томпсон заработи исклучување.

Томпсон доби двојна техничка грешка и беше исклучен од игра, а тоа предизвика револт кај него, по што почна да вика на цел глас.

Кошаркарот на Голден Стејт им ги покажуваше шампионските прстени на ривалите пред да замине од паркетот.

„Јас имам четири шампионски прстени, а вие?“, викаше Томпсон.