Торино го потврди ангажманот на Елмас! (Видео)

Од денес, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас официјално стана дел од тимот на Торино. Тој ќе игра како позајмен фудбалер во италијанскиот клуб.

Елмас во Торино пристигна откако замина од Лајпциг. Целта му е да добие поголема минутажа во вториот дел од сезоната. На крајот од сезоната, Торино има можност да го откупи неговиот договор за 17 милиони евра.

Ова е враќање на Елмас во Италија, откако претходно играше за Наполи од 2019 до 2024 година. Во својата кариера, македонскиот фудбалер настапуваше и за Работнички и Фенербахче.