Тотален хаос во Јунајтед: Соблекувалната „гори“, ѕвездите бараат нов тренер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дел од фудбалерите не се задоволни од тактиката на тренерот Ралф Рангник, па најавија дека ќе заминат од тимот, а најгласен беше Џеси Лингард, кој до крајот на јануари најверојатно ќе потпише договор со Вест хем.

Германскиот тренер е разочаран од резултатите, а ако им се верува на британските медиуми, Рангник до крајот на јануари би можел да го напушти Јунајтед.

Како нов тренер на „црвените ѓаволи“ се споменува Маурицио Покетино, а тоа би бил трет тренер во шест месеци по Оле Гунар Солскјер и Рангник.

Сите беа свесни дека Рангник беше привремено решение, но очигледно случувањата во соблекувалната на стартот на 2022 година влијаеше за нови шпекулации за тренерското столче.

Покрај Лингард, незадоволни со атмосферата во клубот се уште и Ван де Бек, Рашфорд и Дијало, па наскоро би можеле неколку играчи да го напуштат тимот.