Тотенхем експресно пронајде замена за Трипиер: Капитенот на Рома доаѓа во Лондон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино одлучи  да ги смени двата бека за новата сезона.

Па така, левиот бек Дени Роус е ставен на трансфер листата и сеуште се бара играч кој ќе го замени.

А кога е во прашање десниот бек, Трипиер, тој замина во Атлетико Мадрид, а неговата замена е веќе најдена.

Медиумите во Англија јавуваат дека нов играч на Тотенхем набрзо ќе стане доскорешниот капитен на Рома, Алесандро Флоренци.

Тој во последно време игра многу добро во Рома, па сега би можел да направи трансфер во Англиската Премиер лига.

Секако се прашува и Рома и останува да видиме дали управата на овој клуб одлучи да го пушти својот капитен.