Тотенхем го договори првото засилување за следната сезона: Во Лондн стигнува фудбалер на Рома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот од средниот ред на Рома, Николо Заниоло е блиску до трансфер во редовите на Тотенхем во трансфер вреден околу 50 милиони евра.

Скаутите на Тотенхем го следеле 19 годишниот фудбалер на Рома оваа сезона и биле задоволни од прикажаното на младиот италијански репрезентативец.

Заниоло ја игра првата сезона во дресот на Рома по неговиот премин минатото лето од Интер. „Неразурите“ лесно се откажаа од него и се решија да го испратат во Рим и да доплатат плус пари за да го добијат Раџа Наинголан.

Се шпекулира дека за Заниоло се заинтересирани и тимовите на Реал Мадрид и Јувентус.