Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Тотенхем славеа денеска во пријателски меч против Интер со високи 6:1.
Екипата од Лондон во мечот во Осло почна многу добро бидејќи Хари Кејн погоди од 11 метри веќе во 5 минута од дуелот.
Сепак, веќе во 24 минути Интер доаѓа до израмнување бидејќи Перишиќ погоди после асистенција на Банега.
Тотенхем на одмор заминува со предност после погодокот кој го постигна Ерик Ламела во 40 минута.
Продолжението на мечот донесе уште четири гола на екипата од Лондон.
Првиот во 52 минута на Деле Али за 3:1, а предноста да ја зголеми само пет минути подоцна со нов гол на Хари Кејн.
Во 65 минута Тотенхем веќе води со 5:1 бидејќи мрежата на Хандановиќ ја погоди Јансен. Конечниот резултат на натпреварот го постави во 77 минута Харисон.