Тотенхем го сака Конте, ама има ли пари за да го плати?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Антонио Конте во моментов е без работа, но наскоро би можел да го преземе Тотенхем, доколку лондонскиот тим му ги исполни барањата кои им ги доставил.

Тотенхем сериозно е заинтересиран за услугите на Италијанецот, кој веќе им ги доставил барањата на управата на премиерлигашот, па се поставува прашањето дали ќе му ги исполнат желбите.

Новинарот Николо Шира објави дека Конте сакал тригодишен договор со годишна плата од 15 милиони евра и гаранција дека екипата ќе добие три-четири засилувања по негова желба.

Преговорите во моментов се во тек, а Нуно Еспирито Санто е пред отказ по поразот од 0-3 на домашен терен против Манчестер јунајтед.