Тотенхем го „улови“ Конте со приказна за српски напаѓач?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нуно Еспирито Санто си замина, а Антонио Конте ќе пристигне во Лондон на тренерското место во Тотенхем, иако тоа засега сѐ уште не е потврдено.

Италијанските медиуми пишуваат дека Конте се договорил со Тотенхем, а премиерлигашот го „уловил“ искусниот тренер со приказната за Душан Влаховиќ од Фиорентина.

„Република“ пишува дека Конте барал двајца дефанзивци, кои ги тренирал во Интер, а тоа се Стефан де Фрај и Алесандро Бастони. Исто така, ќе добие и еден напаѓач Италијанецот, а тоа ќе биде Влаховиќ.

Се очекува Конте да биде промовиран во текот на денот и да потпише договор до 2023 година со Тотенхем, а заработката треба да му биде 15 милиони евра.