Тотенхем и Саутемптон се договорија за размена на играчи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо ќе го добие посакуваното засилување откако Тотенхем и Саутемптон се договорија за трансферот на Пјер Емил Хојберг.

Хојберг ќе се пресели во Тотенхем за сума од 15 милиони фунти, додека во спротивен правец ќе се пресели Кајл Вокер Питерс кој досега настапуваше како позајмен во тимот на Саутемптон.

„Светците“ за него ќе платат сума од 12 милиони фунти што значи дека ангажманот на Хојберг ќе г чини Тотенхем само три милиони фунти.

За трансферите да бидат официјални треба да се договорат личните услови на двајцата играчи.