Тотенхем тргна по потписот на Асенсио, но доби јасен одговор од Мадрид

За услугите на Марко Асенсио не недостига интерес. Неговиот агент минатиот месец откри дека одбиените понуди изнесувале над 100 милиони евра, па јасно е дека Реал Мадрид не мисли да го пушти наскоро.

Дека „кралевите“ немаат намера да го продаваат Асенсио му стана јасно и на Тотенхем, кој се обиде да го купи младиот фудбалер.

Одговорот на „кралевите“ бил јасен, односно дека Асенсио не е на продажба или доколку го сакаат тогаш ќе мора да ја платат неговата откупна клаузула, која изнесува неверојатни 700 милиони евра, што е невозможно.

Од друга страна, Зинедин Зидан му верува многу на Асенсио, па се очекува да биде составен дел од тимот за идната сезона.