Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендарниот капитен, Франческо Тоти ќе ја преземе улогата на технички директор на Рома и прва задача ќе му биде да го постави некогашниот соиграч и наследник Денијеле Де Роси за тренер, пишува Кориере Дело Спорт.
Тоти моментално работи како еден од замениците директори во спортскиот дел, по заминувањето на Рамон Мончи нема да дојде на местото спортски директор, но без оглед на тоа ќе има силно влијание на сите одлуки.
Затоа најдобриот стрелец и играч со најмногу натпревари во историјата на римскиот клуб сака да направи рокада на местото на тренер и наместо искусниот Клаудио Раниери да го постави се уште активниот фудбалер, Де Роси.
Постои можност Де Роси ова лето да ја заврши кариерата бидејќи наскоро ќе наполни 36 години, а по завршувањето на оваа сезона му истекува договорот со саканиот клуб, единствениот за кој настапуваше, исто како и Тоти.
Интересно е што таткото на Де Роси, Алберто е тренер на младиот тим на Рома.