Трабзонспор ја одреди цената за Барди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди пред два дена објави порака на социјалните мрежи и најави дека ќе остане во Трабзонспор, но управата на тимот очигледно има други планови.

Турските медиуми пишуваат дека Трабзонспор добил понуда за потписот на македонскиот фудбалер, а станува збор за клуб од МЛС-лигата.

Трабзонспор наводно е подготвен да го продаде Барди за сума од 4,5 милиони евра, а засега нема детали од понудата која пристигнала од САД.

Барди пристигна во турскиот тим минатотот лето и го носеше дресот на 42 меча, при што постигна седум гола.