Трабзонспор ќе го продава Барди уште во јануари?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турскиот гигант Трабзонспор сака да ја освои титулата, но ќе мора да го ослободи буџетот во јануари поради елиминацијата во квалификациите на Лигата на шампиони и испаѓањето од групната фаза во Лига Европа.

Трабзонспор мора да ги намали платите од 40 на 30 милиони евра и затоа ќе продава дел од своите ѕвезди, а една од нив може да биде и македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Барди го засили Трабзонспор минатото лето, но по само шест месеци би можел да направи нов трансфер.

„Клубот чека понуди за Барди. Ако дојде добра понуда, клубот ќе се договори за продажба“, вели турскиот новинар Јунус Емре Сел.