Трабзонспор се откажал од Алиоски!?

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски бешѓе блиску до потпис со турскиот шампион Трабзонспор, но медиумите од Турција пишуваат дека трансферот пропаднал.

Трабзонспор се бореше за потписот на Алиоски, кој не е среќен во Саудиска Арабија, но медиумот „Сабах“ објави дека првакот се откажал од борбата за македонскиот лев бек.

Алиоски требаше да пристигне во Турција на едногодишна позајмица и да добие три милиони евра, но очигледно нема тоа да се случи.

Репрезентативецот на Македонија за Ал Ахли минатата сезона постигна шест гола и имаше девет асистенции на 28 меча.