Традицијата продолжува: Синот на Шумахер ќе вози во Формула 1!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Традицијата продолжува во Формула 1, Мик Шумахер тргна по стапките на неговиот татко, легендарниот Михаел Шумахер, и ќе дебитира следната сезона.

Мик во следната сезона ќе биде член на тимот на Хас и ќе дебитира на Големата награда на Австралија. Се споменуваше можност да вози и за Алфа Ромео годинава, меѓутоа остана во Формула 2.

„Фактот дека следната сезона ќе возам во Формула 1 ме прави неверојатно среќен и сотанав без зборови. Сакам да се заблагодарам на Хас, Ферари и академијата на Ферари што веруваа во мене“, вели Мик.

Мик во досегашната кариера беше шампион во Формула 3 во првите две години, а овој викенд во Бахреин може да ја завери титулата во Формула 2.

Во април 2019 година Мик стана дел од академијата на Ферари и досега учествуваше во тестирањето на болидот.