Трагедија: Почина 33-годишниот син на Скоти Пипен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Антрон Пипен, синот на легендарниот Скоти Пипен, почина на 33-годишна возраст, а информацијата ја потврди неговиот татко.

Најстариот син на поранешниот кошаркар на Чикаго булс ја загуби борбата за својот живот, а од него се збогуваше Пипен, кој кажа дека син му страдал од астма.

„Срцето ми се крши што морам да ги споделам овие вести со вас, но вчера морав да се збогувам со мојот син Антрон. Ние двајца делевме љубов кон кошарката и имавме многу разговори за тоа. Антрон имаше астма, но работеше напорно“, напиша Пипен.

Антрон беше добар кошаркар и настапуваше на Меѓународен универзитет во Тексас.