Трагедија во Камерун: Шест лица прегазени во стампедо! 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Страшни вести доаѓаат од Камерун, каде што во стампедо пред натпреварот од Африканскиот куп на нации загинаа шест лица. Медиумите пишуваат дека бројот на жртви може да се зголеми затоа што голем дел од повредените се во критична состојба.

Големата катастрофа се случила кога навивачите се обиделе да влезат на стадионот во главниот град на Камерун, но нивниот обид да стигнат до трибините завршил трагично, затоа што шест лица ги загубија животите, а 40 се повредени.

„Некои се во многу тешка состојба, ќе мора да ги евакуираме во специјални болници“, кажала медицинската сестра Олинга Проденс.

Иако стадионот има капацитет од 60.000 навивачи, сепак на него можеа да влезат околу 50.000 бидејќи има ограничување поради ковид-19.

Домаќинот на Африканскиот куп, Камерун се пласираше во четвртфинале откако со многу проблеми го совлада Комори со 2-1.