Трагедија во НБА: Почина легендарниот Џери Слоун!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот тренер Џери Слоун ја предводеше генерацијата на Јута, која водеше борба во 1997 и 1998 година со Чикаго Булс и Мајкл Џордан за прстените во НБА-лигата.

Слоун ја почна тренерската кариера како помошник во Чикаго булс, а потоа беше прв тренер и на Чикаго од 1979 до 1982 година, додека во Јута остана 26 години, односно од 1985 до 2011 година.

Како кошаркар двапати беше избран на Олстар, а четири пати беше член на најдобриот состав во лигата. Кариерата како играч ја почна во Балтимор, каде што остана една сезона, а потоа десет години настапуваше за ЧИкаго булс.