Трагедија во САД: Загина млад НФЛ-играч во сообраќајка!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тажни вести доаѓаа од САД, каде што познатиот играч на американскиот фудбал и член на Питсбург стилерс, квотербекот Двејн Хејскинс загина во сообраќајна несреќа.

Новинарот на „ЕСПН“, Адам Шефтер ги објави трагичните вести, а потврда стигна од неговиот агент Седрик Сондерс.

Хејскинс стана член на тимот на почетокот на 2021 година и беше конкурент за стартниот состав откако во пензија замина Бет Рутилсбергер, а многумина му предвидуваа одлична кариера.

Според медиумот, играчот се наоѓал во јужна Флорида на повик на играчот Мич, но за жал никогаш нема да си ги оствари соништата.