Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски најверојатно ќе се врати во Италија ова лето и ќе ја засили Џенова, каде што настапува македонскиот капитен Горан Пандев.
Италијанските медиуми пишуваат дека Џенова е сериозно заинтересирана за Трајковски, кој не добива многу шанса во тимот на Мајорка.
Исто така, позитивно за Трајковски е тоа што и во минатото настапуваше во Италија, па лесно ќе се прилагоди на Серија А, а притоа ќе му помогне и колегата од репрезентацијата, Пандев.
Мајорка се обиде да го продаде Трајковски и минатата година, но не успеа во намерата, па сега би можела слободно да го пушти да се пресели во Џенова.