Трајковски пред преселба во хрватски гигант


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Александар Трајковски наскоро би можел да потпише за Хајдук Сплит, откако наводно одбил понуда од Динамо Загреб.

„Калчомеркато“ објави дека Трајковски имал понуди од двата хрватски гиганти, но Македонецот решил да потпише за тимот од Сплит и наскоро ќе има медицински прегледи.

Трајковски во Хајдук доаѓа како слободен фудбалер, откако летово му заврши договорот со Ал-Фејха од Саудиска Арабија.

Искусниот напаѓач и претходно играше во Хрватска, односно го носеше дресот на Интер Запрешиќ.