Трансфер бомба во најава: Игуаин прави голем трансфер?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Гонзало Игуаин во ова лето може да стане нов фудбалер на Јувентус, кој е сериозен во намерата да доведе големо напаѓачко засилување.

Според пишувањата на италијанските медиуми, челниците на Старата дама понудија неверојатни 75 милиони евра за напаѓачот на Наполи, што е навистина невозможно да се одбие.

Колку во оваа информација има вистина ќе покаже времето, но факт е дека нешто се „готви“.

Да потсетиме, неодамна претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис порача дека Гонзаго Игуаин вреди 100 милиони евра и дека нема намера да го продава за помал износ.