Трансфер на кариерата: Откупна клаузула за Србинот од дури 60 милиони евра


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Довчерашниот играч за врска на Партизан Андрија Живковиќ ги помина лекарските прегледи, но и, како што јавуваат Португалците, тестовите за психичките можности и сега само потпис го дели од дресот на Бенфика.

Поради тоа што изврши формалностите во една болница во главниот град на Португалија, 20-годишниот репрезентативец на Србија ќе се оврзи на петгодишен договор.

За тоа, само на име потпис, ќе добие 4 милиони евра, плус плата и премија загарантирана по договор кој ќе трае до јуни 2021.

Во него стои посебна одредба, како што и обичај во деловниот свет, голем клуб како што е Бенфика, одма стави откупна клаузула и ја одреди цената за Андрија Живковиќ од 60 милиони евра.

Така пишуваат и „А Бола“ и “Рекорд“, а пренесуваат сите останати медиуми во Португалија, напоменувајќи дека се работи за сума која ќе легне на сметката на клубот од Луж ако некој посака да го одведе талентираниот крилен играч за врска пред истекот на договорот.

Во потрага по објаснување каков играч доби Бенфика, Поргугалците се повикаа во помош на Луиш Диого, некогашен помошник тренер на Партизан во времето на мандатот на Љубинко Друловиќ.

„Живковиќ, без сомнение,  ќе биде добро засилување за Бенфика. Поготово што нема да има проблем да се прилагодува, бидејќи во клубот се веќе Љубомир Фејса, Филип Џуричиќ, Иван Шапољјиќ и Лука Јовиќ. Многу ќе му значи што од првиот ден ќе има со кого да разговара на српски јазик“, рече Диого.

Многу е важно како Андрија ќе се снајде на терен. Веќе со вторник почнува со тренинзи под палката на Руи Виторија.

Од него се очекува да биде замена за Николас Гаитан, кој се пресели во Атлетико.

„Живковиќ е технички дотеран фудбалер, брз, силен, одличен во игра еден на ден, способен да ја пробие одбраната на ривал и да центрира. Левак е, но може да игра по двете крила. Спремен е за повеќе тактички варијатни. Умее да нафрли топка, да го менува тежиштето на игра, да шутира од дистанца...“, го пофали Луиш Диого Андрија Живковиќ, од чиј трансфер Партизан инкасираше 450 000 евра на име тренинг компезација од ФИФА.