Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Кристијан Трапановски се наоѓа во одлична форма во дресот на Данди јунајтед, па сега ќе треба да ѝ помогне на татковината во Лигата на нации.
Трапановски му се приклучи на националниот тим пред дуелите со Фарски Острови и Ерменија, а вели дека е мотивиран и се надева на славје за Македонија.
„Задоволство ми е да сум дел од националниот тим. Доколку играме како што знаеме, тогаш очекуваме победа на средбите. Верувам дека имаме поголем квалитет од Фарски Острови, се надевам дека ќе одиграме во најдобро светло“, кажа Трапановски.