Тренер кој е заразен со Ковид-19: Ова не би му го посакал ниту на непријателот…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италија се соочи со големи проблеми поради коронавирусот, а според последните информации на Апенините бројката надмина 80.000 заразени од Ковид-19. Во таа група е и Фаусто Русо, кондиционен тренер, кој работи во нисколигаш.

Русо има 38 години, а ниту на крај памет не му паднало дека ќе се зарази со коронавирусот, но денес кога е во болница, реши да го раскаже неговото искуство.

„Ова беше нешто најлошо во мојот живот и не би му го посакал тоа ниту на најлошиот непријател. Му се јавив на докторот, кој ми даде лекови. Сепак, деновите минуваа, а температурата ми беше иста. Покрај тоа, имав тешко дишење додека не ме фати респираторна криза сред ноќ. Тогаш сфатив дека не станува збор за обичен грип“, кажа Русо.