Тренер удри противнички кошаркар, па се поздрави со судијата (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Леотар победија со 84-78 во мечот од Првата кошаркарска лига на Босна и Херцеговина, кој го одбележа неверојатен потег на тренерот Миро Вукоје.

При резултат 65-63 кошаркарот на гостите, Американецот Престон Бунгеј беше сам на шут за три поени. Сепак, пред самиот шут, тренерот Вукоје го удри поранешниот кошаркар на Задар по рака, а тој промаши.

Сепак, ова немаше да биде необично доколку не се случуваше пред очите на судијата, кој само неколку моменти подоцна се поздрави со тренерот Леотар.

Спорниот момент може да го погледнете на 1.26.59 на видеото, кое се наоѓа во продолжение. Навистина чуден потег од страна на тренерот.