Тренерот на Бешикташ зададе уште еден удар на Балотели


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Долго се зборуваше за тоа дека Марио Балотели може да ја продолжи кариерата во Бешикташ, но денеска дефинитивно отпадна и таа можност.

Тренерот на турскиот шампипон Сенол Гунеш на прашањето за Балотели и наводниот интерес за него даде искрен, но и брутален одговор со што зададе нов удар на некогашниот голем талент на европскиот фудбал, кој својот потенцијал никогаш не го искористи како што требаше.

„Балотели не е во моите планови. Едноставно не го симпатизирам и никогаш не слушав ништо позитивно за него“, рече 64-годишниот стручнак.

Балотели во ова лето се доведува во врска и со Ајакс, па останува да се види и дали тренерот на клубот од Амстердам има некој сличен коментар.