Тренерот на Елмас направи неспортски потег: Спалети за Русите е – кловн! 🎥

Фудбалерите на Спартак Москва триумфираа против Наполи со 2-1 во Лига Европа и така направија сигурен чекор кон нокаут-фазата од натпреварувањето.

Јунак на победата на Русите беше Соболев, кој постигна два гола, додека Наполи преку Елиф Елмас успеа да намали на 1-2.

Португалецот Руи Виторија по мечот тргна да се поздрави со Лучано Спалети, кој одби да го направи тоа, а по мечот откри зошто се решил на таков потег.

„Не ме поздрави пред натпреварот. И тогаш се ракуваат тренери, а не само по натпреварот. Секогаш се ракувам со противниците пред дуелите, зашто лесно е откако ќе победиш“, се оправда Спалети.