Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Торонто Репторс беа елиминирани во седмиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција на НБА-лигата, но поради тоа немаше паника во Канада.
Канадскиот клуб објави дека потпишал нов повеќегодишен договор со нивниот тренер Ник Нурс што ги водеше до нивната историска прва титула во НБА минатата сезона.
Оваа сезона, Нурс го водеше тимот до резултат 53-19 и најдобар процент на победи во клупската историја од 73,6%, а по петти пат по ред, Репторс стигнаа до конференциското полуфинале.
“Нашата доверба во Ник расте од ден на ден, а дел од тоа произлегува од она што го поминавме многу заедно. Изминатите сезони не беа како ниедна друга во нашата историја. Ник потврди дека може да нè тренира на паркетот и да нè води во животот и ние исклучително се радуваме на сè што ќе постигнеме во иднина “, рече Масаи Уири, генерален директор на Репторс.
Ник Нурс е прогласен за најдобар тренер во сезоната во НБА.