Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави се пласираше во нокаут фазата на Светското првенство.
Избраниците на Маурисио Покетино забележаа две победи против Парагвај (4:1) и Австралија (2:0) во групната фаза, но вечерва во последниот натпревар од групната фаза загубија од елиминираната Турција, со 3:2.
На прес-конференцијата после поразот, Покетино забележи дека атмосферата изгледаше како САД да се простуваат од турнирот, а Турција напредува. Исто така, спомена и недостаток на честитки за успехот на една од домаќините на турнирот.
“Во моментов никој не ни честиташе за првото место во нашата група. Им честитам на играчите, стручниот штаб и навивачите што завршија на првото место во многу тешка група. Нашата цел беше да завршиме први и завршивме први. Многу сум позитивен и среќен“, рече Покетино по натпреварот, збунет од прашањата за поразот.
“Вашите прашања се малку чудни. Преовладува чувство како да сме елиминирани. Сега сме многу подобар тим отколку порано. Се квалификувавме како број еден и преминавме во следниот круг. Морам да ве потсетам дека ја освоивме групата“, додаде тој.
















