Тренерот на Интер се жали: Оштетени сме и ограбени во Торино!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер синоќа избегна пораз на гостувањето кај Јувентус со голот на Ромелу Лукаку во 95. минута од средбата (1-1).

Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги кажа дека судијата го оштетил тимот кога го исклучил Ромелу Лукаку во финишот од пресметката со Јувентус.

„Тоа што се случи со Лукаку и неговата прослава беше недоразбирање. Тој секогаш така ги прославува головите. За жал, тоа предизвика грди сцени на теренот. Штета е тоа што ќе бидеме без Лукаку и Хандановиќ во реваншот“; вели Инѕаги.

Лукаку им порача на навивачите на Јувентус да замолчат, откако претходно имаше расистички навреди кон него.