Тренерот на Надал ја откри здравствената состојба на тенисерот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карлос Моја, тренерот на Рафаел Надал, кажа дека шпанскиот тенисер се труди да заигра на Мастерсот во Рим и на гренслем-турнирот Ролан Гарос, но не зависи сè од него.

Моја кажа дека рехабилитацијата не оди брзо како што се очекувало, па засега не е познато дали Шпанецот со сигурност ќе настапи на некој од овие турнири.

„Во моментов работиме и се трудиме секој ден да напредуваме. Повеќе не се работи за тоа дали сте песимист или оптимист“, кажа Моја.