Тренинг каков што не сте виделе: Ѓоковиќ туркаше луксузен автомобил (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ не се откажува од тренинзи, иако има мали шанси да добие дозвола за влез во САД и да учествува на Ју-Ес опен.

Српскиот тенисер тренира напорно, а еден од неговите пријатели го снимаше во Црна Гора како турка луксузен автомобил, кој не успеал да запали.

Србинот уште еднаш покажа колку е силен, а на видеото може да се забележи дека успеа сам да го придвижи Поршето.

Никој од навивачите не му помогна, туку му даваа поддршка додека Ѓоковиќ го туркаше возилото до целта.