Трет триумф за Вардар сезонава, Шкендија славеше дури во финишот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вардар ја запиша третата победа сезонава во седмиот меч, откако денеска беше подобар од Беласица со 3-1, додека Шкендија славеше со гол во последните минути од мечот.

Вардар првиот гол го постигна преку Мирчевски во шестата минута, по што Петровиќ зголеми на 2-0. Надежта на Беласица ја врати Да Силва (1-2), но потоа триумфот за скопскиот тим го потврди Петковски во финишот.

Шкендија потешко од очекуваното славеше кај Пелистер со 2-1, откако домаќинот водеше со 1-0 со голот на Танушев, а потоа Ахмеди израмни, додека за триумф стрелаше Ибраими.

Струга Трим Лум го победи Шкупи со 2-0, а Македонија ЃП славеше против Ренова со сигурни 3-1. Додека Силекс беше непријатно изненаден од Академија Пандев со 0-1.

Шкендија е првопласирана на табелата со 17 бодови, па следат Шкупи и Македонија ЃП со по 13 бодови, Борец има 12, Струга Трим Лум 11, Силекс, Работнички и Вардар по 10 бода. На 9. позиција се наоѓа Пелистер со девет бодови, Академија Пандев има 6, Ренова 5 и Беласица е без бодови.