До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Дваесет и четири години по својот деби, 40-годишниот Џејмс Милнер во недела против Кристал Палас ќе го изедначи рекордот по број на настапи во Премиер лигата, ако игра за својот Брајтон. Блескава кариера која се простира на повеќе од две децении опфаќа шест прволигашки клубови, 652 настапи во Премиер лигата, 61 настап за Англија, три титули шампиони, два ФА купа и една триумф во Лигата на шампионите.
Милнер ќе се изедначи со Герет Бери, кој одигра 653 натпревари, на врвот на вечната листа настапи во Премиер лигата, 8.491 ден по дебито за својот роден клуб Лидс Јунајтед веднаш по завршувањето на училиште во 2002 година. Кариерата ја започна со 16 години, играјќи за Лидс за плата од 320 евра месечно. Наскоро стана најмладиот стрелец во историјата на Премиер лигата.
Со 16 години и 356 денови постигна гол против Сандерленд како гостин. Следеше позајмица во Свиндон Таун, па потоа продажба во Њукасл за шест милиони евра. Таму капитен му беше големиот Алан Ширер. “Милнер има одличен менталитет, сака да се подобрува. Стрпен е, но понекогаш знае да се налути. Неколкупати го видов фрустриран низ кариерата”, рече Ширер за својот поранешен соиграч.
Преку Астон Вила стигна во Манчестер Сити, на кој му даде пет години од својата кариера. Познат е по својата поливалентност, можност за играње на разни позиции. Во Сити знаеше да игра на сите позиции во средниот ред, па дури и во нападот. Во Ливерпул, сепак, имаше повлечена улога.
















