Тричковски: Нема публика, но имаме императив – прво место!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18 часот ќе се соочи против Ерменија на Кипар во последниот меч од Лигата на нации, а потребен ни е барем бод за да обезбедиме пласман во Б-дивизијата.

Пред натпреварот зборуваше македонскиот напаѓач Иван Тричковски, кој кажа дека се мотивирани за нов успех и атмосферата во репрезентацијата е одлична пред натпреварот

„Атмосферата е одлична и на највиско  ниво, мотивацијата никогаш не ни недостасувала, не краси тоа, индивидуално и тимски сме мотиварни, на утрешниот натпревар ќе докажеме дека можеме, ќе направиме се да забележиме добар резултат. Се чуствувам поконфорно, како на овој стадион како и на секој друг. Сега имаме дополнителна мотивација, неам публика но имама императив за прво место”, кажа Тричковски за сајтот на ФФМ.