Тринкао на тренинг на Барселона немаше милост кон ѕвездите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Франциско Тринкао пристигна во Барселона од Брага ова лето за 31 милиони евра.

Барселона го обезбеди неговиот потпис на почетокот на годината, но беше одлучено Тринкао да дојде на лето. 20-годишниот Португалец требаше да биде на позајмица оваа сезона, но остави одличен впечаток во подготвителниот период и Роналд Куман реши да го задржи во првиот тим.

Тринкао беше особено воодушевен од своите игри во прелиминарните натпревари и покажа дека е навистина многу талентиран играч. Сега ја чека својата шанса да се докаже во првиот тим и дава се од себе на тренинзите.

Барселона објави видео од вчерашниот тренинг на кое Тринкао покажа за каков талент станува збор. Тој како шега помина неколку играчи и само е штета што не даде гол на крајот.