Трката за титулата е жива: Барселона може да остане без бодови, Реал Мадрид трие раце


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона има 12 бодови повеќе од Реал Мадрид во моментов во Ла Лига, но тоа би можело да се промени наскоро.

Елче достави жалба до Шпанската фудбалска асоцијација бидејќи Барселона го искористи Гави на мечот во Ла Лига.

Елче тврди дека Гави немал право на настап на овој натпревар бидејќи шпанскиот Суд го прогласи договорот на младиот фудбалер со Барселона за неважечки.

Поради тоа, Гави се третира како јуниор и аматер, а Ла Лига го избриша и од официјалниот сајт, па договорот на Шпанецот во моментов е „во мирување“.

Елче бара одземање на бодовите на Барселона, со што би се искомплицирала трката за титулата во Ла Лига.