Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трките во „најбрзиот циркус“ во светот во Австрија ќе се одржуваат најмалку до 2027 година, откако Формула 1 потпиша нов договор со организаторите.
Првата трка во Австрија се возеше во далечната 1964 година, додека оваа трка е во календарот веќе девет години, при што најмногу победи запиша Мерцедес.
По два пати триумфираа Розберг и Ботас, а една победа има Хамилтон во тој период, по што три победи запиша Макс Ферстапен, додека лани славеше Шарл Леклер.
Годинава ќе се вози трката во Австрија од 30 јуни до 2 јули.