Трофејот го чекаат 11 милиони луѓе


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Командант од последната линија на Португалија секако е Пепе.

Иако поради повреда неговиот настап во вечерашното финале е под знак прашалник, Пепе верува во трофеј.

“Ова до сега е најголемиот натпревар во мојата кариера. Секако, зад себе имам два трофеја во Лигата на шампионите и тие многу ми значат, но ова е нешто посебно. Да играш со својата држава во финалето на Европското првенство е нешто за кое многумина сонуваат. Сакаме да испишеме историја. Веруваме дека можеме да одиграме одличен натпревар. Зад нас се 11 милиони луѓе кои го чекаат трофејот”– изјави Пепе.

Пепе се врати на тренинзите, во текот на вчерашниот ден одработи целосен тренинг што е добар знак дека би можеле да го гледаме вечерва.