Тројца фудбалери на Тотенхем си заминуваат како слободни агенти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Дејли Мејл“ пишува дека речиси е извесно Тотенхем следната година да има видоизменет лик откако тројца фудбалери сигурно ќе си заминат од клубот.

Станува збор за играчите кои досега го носеа товарот на играта, Кристијан Ериксен, Јан Вертонген и Тоби Алдервилд.

Сите тројца остануваат без договор по крајот на оваа сезона и за нив има голем интерес од голем број силни клубови.

Секако дека интересотза Кристијан Ериксен е најсериозен а за него се интересираат Манчестер Јунајтед, Јувентус и Реал Мадрид.