Тројца играчи на излезната врата на Баерн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен ќе направи некои измени во тимот во текот на летото.

Според „Билд“, управата на тимот од Минхен решила да ги продаде тројцата фудбалери ова лето, а нивните имиња се добро познати.

Според германскиот весник, Баерн решил да ги продаде Жером Боатенг, Корентин Толисо и Хави Мартинез, но ќе работи и на тоа да пронајде замени за нив.

Прво и најважно, сепак, Баварците имаат приоритет да донесат десен бек, но сигурно е дека на тимот од Минхен ќе им треба засилување на позициите на кои продаваат фудбалери.

Летниот рок ќе биде доволно долг за нив да ги пронајдат вистинските играчи за својата екипа, а според некои информации, клубовите ќе купуваат од август до средината на септември.

Ќе видиме кој ќе го носи дресот на Баерн во наредната сезона, а многу фудбалери се поврзуваат секој ден.