„Трошевме илјадници долари на стриптиз, наместо да им помогнеме на гладните“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот кошаркар Џеј Ар Смит откри интересни детали од неговото минато во разговор со американските медуми.

Смит освои титули со Кливленд и Лос Анџелес Лејкерс, а притоа заработи милиони во текот на кариерата, но смета дека можел попаметно да ги потроши парите.

„Повеќе сакавме да трошиме илјадници долари на стриптиз, отколку да нахраниме 2.500 гладни луѓе во нашето маало. Бев себичен. Парите што ги дадов за доцнење на тренинзи, можев да ги дадам на својата заедница. Тогаш не гледав така на работите, но сега навистина ми е жал“, кажа Смит.