Цела Холандија сплотена за Ајакс: Екипите од Ередивизија ќе се жртвуваат за својот ривал?!


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Голема еуфорија владее во Холандија, а причината е јасна – Ајакс!

Душан Тадиќ и соиграчите се најголем хит на овогодинешното издание од Лигата на шампионите, бидејќи успеаа да се пласираат во полуфиналето каде ги чека Тотенхем.

Колку поддршка имаат во својата земја покажува и податокот дека сите екипи од Ередивизија се сложија комплетно 33. коло од холандскиот шампионат да го поместат за крајот на сезоната.

Тоа коло требаше да биде одиграно на 28. април, но ќе биде поместено за среда 15. мај.

Ајакс тогаш гостува кај Де Графшап, па играчите ќе имаат повеќе време да се одморат за средбата со Англичаните закажана за 30. април.